Уште колку автобуси превезуваат патници без лиценца?

You must need to login..!

Опис

Средствата предвидени за украсување на територијата на Чаир за новогодишните празници ќе бидат пренаменети и распределени на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.Ваква одлука денеска донесе Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница. Градоначалникот на општината, Висар Ганиу, сподели и дека двете ќерки на вработен во службата за обезбедување загинале во несреќата. А вели, ги познавал речиси сите загинати од општина Чаир.

Трагедијата најсилно го погоди семејството од кое десетмина тргнале на екскурзија во Истанбул и никогаш не се вратија. Пред зградата во која живееше дел од семејството денеска владееше молк. Пријателите и роднините кои доаѓаа да изразат сочувство се уште беа во шок и не сакаа да зборуваат пред камера.

Во училиштето Исмаил Ќемали во кое настава посетуваат петте загинати деца, денеска повторно имаше прекин на наставата. Соучениците на загинатите дечиња излегоа на марш и со цвеќиња во раце се упатија до плоштадот Скендер Бег.
Директорката на училиштето Бурбуќе Имери рече дека сите деча биле одлични и примерни ученици. Нејзината вознемиреност се чувствуваше и денеска.

Цвеќето пред скалите на Плоштадот Скендербег во спомен на загинатите, остана да сведочи за трагедијата во која животот го загубија пет деца.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 3 =