Утрински брифинг пред Соборниот храм, започна празнувањето за Велигден

You must need to login..!

Опис

Денеска започнува празнувањето на најголемиот христијански празник Воскресение Христово, со света Василиева литургија.

  • Во литургијата не треба да учествуваме само како набљудувачи туку како реални учесници, со претходна подготовка преку пост, молитва и читање на светото писмо, бидејќи литургијата е се она што Христос го направи за нас, вклучувајќи ги страдањата и смртта, погребението и воскресението. Слава на Бога, оваа година нема да има ограничувања во однос на посетата на храмовите, така што веќе започнуваат празнувањата. Вечер ќе се случува читањето на дванаесетте евангелија, изнесувањето на Распетието Христово, во петок наутро ќе се изнесува плаштеницата, односно погребението Христово, вечерта на Велики Петок е оплакувањето Христов. На Велика Сабота сите треба да се задлабочиме во молитвата и покајанието, да учествуваме на воскресната литургија и радосно да го објавиме Христовото Воскресение, рече денеска во Утрински брифинг, Отец Горан од Соборниот хран „Св. Климент Охридски“.

Тој вели дека обичаите се испреплетени во верата и затоа имаат смисла во празнувањето на Велигден.

  • Уште во минатото домаќинките првите јајца ги фарбале рано пред зори, пред да дојдат на утринската литургија, поради што останала традицијата првите јајца да се исфарбаат во четврток пред изгрејсонце. Во однос на бојата, црвеното јајце ја симболизира крвта на Исус која се излева врз јајцето, кое го претставува самиот Христов гроб од кој Христос воскреснува. Од друга страна не треба да им забележуваме на домаќинките кои сакаат да покажат вештина,па ги декорираат јајцата во разни бои, додава отец Горан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

one × 1 =