Утрински брифинг на терен со попишувачи: досега се се одвива во најдобар ред

You must need to login..!

Опис

Екипата на Утрински брифинг денеска го посети семејстото на Мире и Олгица Ѓореви, и  тоа во моментот додека кај нив се одвиваше попис. 

– Во ниту еден момент не се двоумевме дали да му ја отвориме вратата од нашиот дом на попишувачот, нема ниту едно прашање што е несоодветно, се е како што треба, кратко ни рече Олгица Ѓорева.

За попишувачот Никола Трајковски учеството во оваа голема статистичка операција која се случува еднаш на 20 години било голем предизвик, поради што без двоумење се пријавил да биде попишувач.

– Навистина е возбудливо да се биде дел од едно вакво големо истражување. Затоа без размислување се вклучив во тимот. Досега не сум се соочил со никаков проблем, освен со домашни моленици кои ме лаат кога влегувам во дворовите. Граѓаните ме познаваат со оглед на тоа што и јас живеам во Драчево, каде што е мојот реон за попишување. Само едно домаќинство не сакаше да биде попишано, но ние  се враќаме и по неколку пати на истата адреса во случај да не најдеме никого дома, вели Никола.

Граѓаните на кои не им се совпаѓаат адресата од лична карта со адресата на која живеат, не треба да бидат загрижени.

– Ние лицето го попишуваме на местото во кое подолго време престојува, беа разлика дали таа адреса е истата од лична карта. Понекогаш на граѓаните не им е јасно зошто ги прашуваме за квадратурата на куќата или за тоа колку соби има, но не се случило да не ни одговорат на прашање, додава попишувачот Никола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × five =