Урбанович: Ако се случи војна, тоа нема да остане само на ниво на Украина туку ќе се прошири во светот

You must need to login..!

Опис

За украинскиот народ е болна тема ова што се случува во Украина. Сега во 2022 година Украинците се многу поспремни да се борат ако има обид да се одземе дел од територијата на Украина, за разлика од пред неколку години кога не беа спремни да везат во војна кога Русија стави рака врз украинските области Доњецк и Луганск, вели за Утрински брифинг, Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“.

-Ако се случи војна, тоа нема да остане само на ниво на Украина туку ќе се прошири во светот, вели тој.

Тој вели дека СССР насилно ја приклучил Украина и затоа во 1032-33 година се случи „Гладомор“ и додава дека Украинците во 1991 година биле среќни со осамостојувањето и дека нивната цел се Европската унија и НАТО.

-Кога ќе се сретнеме со Руси каде било во Европа, нормално разговараме со повеќето. Ние зборуваме руски јазик и не ни е проблем комуникацијата. Многу често тие ја поддржуваат позицијата на Украина, но тоа не можат да го сторат во Русија оти ќе завршат в затвор, вели Урбанович.

Целите на здружението „Лесја Украинка“ во Македонија е Украинците што живеат тука да си помагаат и да се поддржуваат, заеднички да ги слават празниците.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − five =