Управителот на “Бродот на среќата”: Градот нема право да руши приватна инвестиција

You must need to login..!

Опис

„Бродот на среќата“ наскоро ќе го снема од водите на Вардар. Оваа информација дел од граѓаните ја примија со прифаќање, дел со зачудување, а на многумина им е жал. Сепак, најголема штета ќе претрпи инвеститорот на бродот, кој е бугарски државјанин, а во изградбата на галијата вложил 1.200.000 евра. Управителот на бродот, Жарко Миленкоски во изјава за Утрински брифинг тврди дека нима никаква основа за рушење на бродот.

-Немаме никаков долг кон Град Скопје, ниту има одлука на Градот за отстранување на урбана опрема а најважно од се е што нема судска одлука за отстранување на урбаната опрема, ниту за каква било времена мерка. Шилегов вчера кажа две барања за времени мерки се одбиени, но тоа е лага. Времените мерки не се воопшто не се донесени. Да беа донесени ние ќе се жалевме до Апелациониот суд, а во меѓувреме рушењето немаше да може да почне. Штетата на крајот ќе биде на грбот на граѓаните, бидејќи ние нашите права ќе ги бараме и во Судот во Стразбур. Доколку барем имаше одлука од Советот на Градот за отстранување на урбаната опрема од сите локации во Скопје, немаше да има никаков проблем, а сега ова се однесува само на нас, и ние го доживуваме како директен удар врз нашата фирма.  Миленковски се сомнева дека недонесувањето на судска одлука, па дури и да е негативна е под влијание на градоначалникот Шилегов.

-Три судии досега се сменија за нашиот случај. Од септември до сега чекаме било каква одлука од судот. Дури и негативна. Во тој случај ќе можеме да упатиме жалба до Апелациониот суд. Недонесувањето одлука е со цел да се направи вакум простор за да може да дејствува со извршители и да го руши бродот. Ако порано сме имале Сваровски судство, сега имаме Шилегов судство, кој има големо влијание како адвокат, обвинува Миленкоски. За случувањата се информирани и бугарските пратеници во Европарламентот.

-Информирана е и Бугарската амбасада а медиумите во Бугарија веќе почнаа да пишуваат за случајот на кој му се дава и политичка конотација. Голем срам е за Македонија да се руши објект од 1.200.000 евра и тоа без судска одлука. Останува да се каже само дали е тоа нешто лично против нас или можеби против бугарскиот инвеститор. Инаку, Шилегов рече дека бродот нема да се искрши, туку ќе се демонтира и ќе се дислоцира во некое складиште, од каде што доколку сака, инвеститорот ќе може да си го подигне, што според управителот е само теоретски возможно, а во пракса неизводливо бидејќи, како што вели, повторното монтирање на бродот ќе чини исто колку што е вложено и во изградбата на бродот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − eight =