Унковски: Во кризни ситуации се гледа колку во општеството фали повисокото ниво на културата и поинаквото мислење за работите – сурова и некултивирана енергија избива и ги дефинира процесите и прави една општа атмосфера во државата

You must need to login..!

Опис

Можеби не доаѓам со тоа како точно ќе изгледаат работите внатре, но со многу прецизно чувство што треба да излезе од тоа. Со многу прецизна енергија која ја ширам на другите учесници. Така што самата форма дали ќе биде посветло, потемно, по лево по десно, доаѓа како развој на мојата основната позиција која се формира многу пред почетокот на пробите, уште во работата со самиот текст. Така што структурата, настаните и емоциите ги имам поминато, прележано, преболено. Така што сега го делам. Тоа се покажа многу инспиративно за другите затоа што им давам голем простор во еден усмерен правец. Глумата е или да се биде или да се делува, изјави во Утрински брифинг театарскиот и филмски режисер, професор Слободан Унковски.

Луѓето го даваат белегот на целата работа. Генерално културата се уште е некаков терет за државата. Тоа се гледа во вакви кризни ситуации – кога ќе заглавиме, како сега со Бугарите и преговорите, се гледа колку фали тој дел и колку во општеството фали повисоко ниво на културата и поинкаво мислење за работите. Понекогаш таа една сурова и некултивирана енергија избива и ги дефинира процесите и прави една општа атмосфера во државата. Кога културата би била пооозбилно сфатена и третирана би имале и поквалитетен општествен живот, вели Унковски.

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ беше „за секој од нашиве да има“. Така што многу од „нашиве“ снимија разни филмови, добија пари за кои не занеме за што се потрошија. Претходната група на министри ги хранеа сите можни барања и сите добиваа по нешто, додека суштинските работи никогаш не беа финасирани, вели Унковски и додава дека е потребно поозбилно финасирање достапно за сите граѓани.
Треба да се мрдне од Скопје и да се овозможи и оние кои живеат во други градови да имаат допир во културата, смета Унковски.

Баге беше посебна личност на нашата култура и голема загува е што го загубивме. Покрај сите други квалитетион имаше голема страст за театарот. Не случајно остана и на такво работно место. Ова покажува дека континуитетот е непоходен. Контактите ги правите како директор на театар. Во Германија мандатот на директоирт е седум години и се бира две години пред да заврши мандатот на актулениот. Така што се остава доволно време да се случи она што го проектирате. Кај нас таквата брза промена не говори за озбилен континуитет и запрепастен сум што глумците не ги бранат своите раководства кои покажале резултат. Во тоа немање на континуитет вие практично немате солидно образован и искусен човек на такво место и тоа остава траги. Баге практично направи театарот да биде секаде присутен, истакна Унковски.

Целиот разговор со театарскиот и филмски режисер, професор Слободан Унковски, погледенте го во видеото.

Напишете коментар

<