Уморна ли е Македонија од политичарите-Арсовски: Локалните избори – нужно зло или задолжителна задача

You must need to login..!

Опис

Привршува изборната кампања и не видовме ни чувме нешто специјално што ќе ни го привлечеше вниманието. Сѐ наликуваше како да сме пред 10 години.

-Мислам дека поголем дел од партиите овие избори ги гледаат како нужно зло оти доаѓаат во ситуација на низа нерешени проблеми. Изненадување требаше да дојде од независните, но ни тоа не се случи. Зошто нема инвентивност во кампањеите, повторно сите одат со запалки и пенкалца, а никој не се сети да донесе садници иако сите зборуваат за екологија. 

-Ние не сме ги надминале зелените агенди, не сме стигнале до нив. Ние канализација немаме и други основи потреби на граѓаните. Можеби гласачите не се заинтересирани за расад ако немаат струја во влезот. Гласачите се позаинтересирани за поприземни работи, покажуваат анкетите, вели Арсовски за Утрински брифинг. -Во последно време сме соочени со екстремен популизам и недостиг на лидерство. И во оваа ситуација не може да се очекува нешто повеќе, кога предаторски се настроени сите партии, вели Арсовски.

-Има мал број процент на гласачите кои имаат антиестаблишмент позиција и расположение кое е резултат од апатичноста. Но ова е мал дел од гласачко тело, тие сакаат промена но не сакаат анархија, вели Арсовски.

-Третите листи се доказ дека на граѓаните им е здодеано од големите партии, Тие ќе освојат еден или два советника, но потоа нивните бунтовнички понуди ќе се стопат со коалиции и политичката партија на градоначалникот, вели Арсовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + eleven =