Узунов: Економските политички ставови на Славевски се очаен популизам

You must need to login..!

Опис

Економската политика како барометар на политички пресметки и лицитации меѓу реалното и нереалното.

Добро е граѓаните јасно да гледаат што е политика на рамни даноци а што е политика на прогресивни даноци и што тоа носи за општеството. Апсолутен и очаен популизам е ставот на Трајко Славевски и како што ние тоа го викаме „трка до дното“, односно натпревар кој повеќе ќе намали даноци.

Но Славевски не одговара на неколкуте прашања што следат со тоа. Тоа е само една понуда што треба да биде привлечна за граѓаните, а бидејќи граѓаните данокот го изедначуваат со казна, идејата му е – еве јас ви ги намалувам казните, гласајте за мене. Но тоа е многу погрешна политика.

Јас се надевам дека СДСМ нема да ја прифати. Зошто е погрешна? Прво го намалува приходот на државата. Ако тоа го намалуваш а друга страна збориш дека ќе ги зголемиш издатоците со што ќе ја покриеш таа дупка – со буџетски дефицит и задолжување надвор, трето нема. Но тоа Славевски не го кажува и застанува до тука, изјави за Утрински брифинг универзитетскиот професор, Ванчо Узунов.

Втората работа, што е уште полоша е фактот дека со таквата идејна политика, Славевски ја влошува ситуацијата со социјалната рамноправност на граѓаните во оваа држава. Факт е дека во последните години, особено по рамниот данок, приходите на најбогатата класа растат побрзо, со повисока стапка, за разлика од приходите на ниската и средната класа.

Со еднократното зголемување на минималната плата се очекува и сите други полека да растат, па макар тоа било и помогната во одреден краток период. Од аспект на платите добро е што Македонија го решава проблемот на невработеноста и сега има недостаток од работна сила, особено во некои сегменти. И платите тука природно ќе растат. И веќе за некои струки растат, изјави Узунов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + nine =