(УБ во живо од Лвив) Атовска: Украинските сили со турски дронови собориле две руски ракети

You must need to login..!

Опис

Објектот што беше нападнат утрово со шест проектили од море во близина на аеродромот во Лвив бил работилница за поправка на авиони но била празна, јавува воената репортерка на Утрински брифинг и Слободен печат, Кристина Атовска.

-Украинските сили користат турски дронови Бајрактар и со нив биле уништени две од испуканите ракети утрово. Сѐ уште нема поточни информации како се случил нападот. Сега очекуваме прес конференција од директорот на нафтоводот во врска со снабдувањето на Украина со енергија, како и прес конференција на градоначалникот на Лвив. Ќе се обрати преку видео врска и поранешната премиерка Јулија Тимошенко, вели Атовска.

Атовска вели дека сега се заострени условите за престој и работа на новинарите во Украина и дека без посебна акредитација од украинската влада не можат да снимаат официјални лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 5 =