Туфегџиќ: Фрапирачки е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ – немам слушнато никаде во светот или Европа опозицијата да е против свикување на седница каде што би се контролирала работата на Владата

You must need to login..!

Опис

Започната е процедура на собирање потписи за свикување на собраниска седница. Оваа иницијатива е од сите поддржана освен од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во изборниот законик е јасно регулиран мандатот на пратениците. Во моментов владата има законодавна моќ, но парламентот ја има својата улога на надзор на владата. Од тука е многу важно сите институции да функционираат и да поставивме пракса за во иднина, Се надевам дека Џафери ќе го промени својот став, изјави за Утрински брифинг Ивана Туфегџиќ, пратеничка во Собранието на РСМ.

До сега околу 30 пратеници имаат ставено потпис на оваа иницијатива, додава Туфегџиќ.

Она што за мене е фрапирачки е однесувањето на опозициската партија, бидејќи јас немам слушнато никаде во светот или Европа опозицијата да е против свикување на седница каде што би се контролирала работата на Владата. Уставотворецот предвидува мандатот да продолжува доколку има вонредна состојба. Ние се уште имаме статус на вработени во Собранието и стварно не ми е јасен ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели Туфегџиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − seven =