Туфегџиќ: Неопходна е политичка свест од сите политички чинители

You must need to login..!

Опис

Состојбата во парламентот секогаш е одлика на тоа што се случува во општеството. Ние факт е дека имаме длабоко поларизирано општество и поделено најмногу по политичка основа, меѓутоа во овој момент она што е клучно е дека живееме во една многу тешка здравствена криза, а со тоа и во многу тешка економска криза која што бара политичка свест меѓутоа и политичка зрелост од сите политички чинители особено од пратеничките групи во Собранието.

Се разбира одговорноста на власта односно на владеачкото мнозинство е голема бидејќи тоа има мандат да ги спроведува политиките за кои ја добиле власта но од друга страна тоа не ја исклучува и одговорноста на опозицијата во придонесот во работењето на законодавниот дом, вели за УБ независната пратеничка од претходниот парламентарен состав Ивана Туфегџиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 13 =