Туфегџиќ: Младите жени можат и треба да се кандидираат за високи државни функции

You must need to login..!

Опис

Камала Харис влезе во историјата со тоа што стана првата жена потпретседател на САД. Таа исто така е првата црна личност и првата Американка со азиско потекло што е избрана на оваа функција. Ова може позитивно да влијае врз унапредувањето на женските права во светот, смета Ивана Туфегџиќ, поранешна пратеничка во Собранието.

„Изборот на Камала Харис за потпретседател на Соединетите американски држави може да влијае позитвно за женските права, со оглед на тоа дека се работи за најмоќната држава во светот, и се разбира има влијание врз сите останати земји. Останува да видиме како во нејзиниот мандат ќе се постави таа кон женските права, бидејќи имаше неколку ветувања во поглед и на амандманот за еднакви права, за кој недостасуваат уште две држави за да биде ратификуван во американскиот устав и дополнително од тоа што се очекува е дека Камала Харис ќе се залага за повлекување на САД од резолуцијата од Женева на ОН која се однесува на ограничување на правото на жените на абортус, односно промоција на семејни права. Така што се очекува од неа да го активира пристапот на жените до легален и безбеден абортус. Исто така, изборот на прва жен потпретседател на САД укажува на тоа дека жените и девојките можат да имаат пристап до високи државни функции.

Нејзиниот избор ќе има влијание секаде во светот, особено во земјите во Европа во однос на дискриминацијата по пол и возраст. Ако го земете примерот на конгресменката Кортез, таа успеа да урне два стереотипи: и жена и млада. Тоа е особено потребно да се унапредува и во нашиот национален контекст, а тоа дека жените, особено младите жени можат и треба да се кандидираат за високи државни функции и од тие позиции да ги унапредуваат женските права. Го спомнав абортусот, но се’ уште постои аспектот на нееднакво плаќање на мажите и жените, на недоволен пристап до високи раководни функции, на пример во компаниите“, рече Туфегџиќ за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 4 =