Туфегџиќ за УБ: Со новиот закон младите ефикасно вклучени во сите институции

You must need to login..!

Опис

Со 69 гласа „За“ и 1 „против“ македонското Собрание вчера го изгласа Законот за младинско учество и младински политики кој треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите.

Целта на законот за младинско учество и младински политики, како што стои и во текстот на документот, е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа, преку повеќе секторски пристап. Законот цели кон зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите.

Покрај дефинирањето на младински организации и организациите за млади, а предвидува формирање Национално собрание на млади, Национално советодавно тело за младински политики како и Регистар на форми на младинско организирање.

– Овој закон беше подготвуван две години. Тргнавме и со компаративни искуства и со искуства на младинските организации. Понатаму преминавме во учеството на младите во носење на одлуки и на локално и на државно ниво.

Обезбедени се 8 милиони денари само за почеток на спроведување на законот.

Ќе има службеник за млади во сите институции и во општините. Неговите информации ќе бидат јавно објавени за да знаат младите каде да се обратат. На локално ниво не гледајте дека тој службеник треба да исполнува нечии желби. Ќе има канцеларија за млади во секој општина како примарна точка младите да се обраќаат. Тој систем ќе биде дисперзиран но и организиран.

Ефикасноста и резултатите ќе го мерат собранието и младинските организации, изјави за Утрински брифинг Ивана Туфегџиќ, пратеник во Собранието на Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 4 =