Турција ја враќа ЕУ на својата агенда – порака и за Софија и за Скопје

You must need to login..!

Опис

Во Македонија сите етнички заедници, по некоја мода, шема, измислија некој датум за нивни национален празник, но јас не знам што добиваме со тоа. 21.12.1944 наводно почнала прв паат да се изведува настава на турски јазик во Македонија. Но постојат докумнети, факти и сведоци дека и претхоно имало настава на турски јазик во Македонија. Но ете, покрената е иницијатива, прогласен е празник на турската националност во Македонија и Република Турција го почитува тоа. Секоја година испраќаат високи функционери и оваа година е исто – Мусафа Шентоп, по потекло од Македонија, инаку претседател на големото турско народно Собрание, изјави новинарот Ремзи Џенова.

-Република Турција е првата земја која ја призна Македонија, иако цело време се говореше дека тоа е Бугарија, но последниот развој на настаните покажа дека тоа е така. Бугарија не не призна комплетно, туку сао државата. Турција комплетно не призна. И за време на Југославија, Турција посебно обрнувала внимание на односите со Македонија. Тие се докажани пријатели. Се сеќавам во ОН, кога Македонија само што беше влезена, нашата делегација немаше простор, Турците го отстапија својот. Тие се заинтересирани и да вложуваат, но не секој пат наојда на одговор од македонската страна, вели Џенова.

На прашањето околу Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и барањето за екстрадирање на претставнците, Џенова вели дека се работи за терористичка организација, која употребува оружје, авиони, тенкови за време на обидот за преврат во Турција.

-Лидерот на ФЕТО е неписмен, нема ни осмолетка завршено, но во над 160 земји во светот има отворено училишта и мора да се постави прашањето од каде му се парите. Американците го штитат за да го срушат Ердоган. Факт е дека тој човек се лекуваше во Турција, па побара да се лечи во САД, но никогаш не се врати.

За време на превратот тие имаат шифри со кои се распознаваат. Во еден хотел, група воени лица, генерали, полковници, одеднаш упаша војската приврзаници на ФЕТО и за да се распознаат кој е нивни кој не, во џебот носат долар, го покажуваат и се распознаваат. Тоа се терористички методи. Од страна на Турција даден е список на луѓе кои овде живеат да бидат врачени, вели Џенова и додава дека неекстрадирањето ги влошува до некоја мера меѓудржавните односи.

За време на Тодор Живков беше направен проект да се создаде една „отечествена“ нација и сите да се Бугари. Буквална асимилација. Прво почнаа да се менуваат имињата на Турците. Па починатите ги вадеа од гроб, без обележја да ги закопуваат на друго место. Беа протерани скоро милион ипол луѓе од Бугарија. Доаѓале ноќе со услов за два саати да се напушти државата. Јас бев директно во Бугарија и гледав десетици камиони со војници вооружени истовараа луѓе до турската граница, вели Џенова.

Целиот разговор со Џенова може да го погледнете во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 4 =