Турско кафе приготвено на песок-нова понуда за туристи во Старата скопска чаршија

You must need to login..!

Опис

Откако по 22 години Бурхан Асан останал без работа поради пандемијата, одлучил варејќи кафе на песок, да заработува за живот. Не очекувал дека толку голема популарност ќе добие за помалку од една година. Вели за неговото кафе доаѓаат специјално од други градови, а не го одминуваат ниту странските туристи.

  • Пандемијата ме остави без работа, морав брзо да реагирам, и одлучив да го отворам локалот Отоман кафе, во кое правам кафе на песок. Тоа беше моја дамнешна желба, љубовта кон кафето ми ја пренесе татко ми, кој се занимаваше со печење и мелење кафе, раскажува Бурхан.

Машината, односно мангалот на песок, на која се вари кафето е донесена од Турција, а од таму е кафето во зрна кое Бурхан самиот го меле, и тоа во мали количини, за како што вели самиот, секогаш да биде свежо.

  • Вкусот е неспоредлив со кафето сварено на електричен шорет или на плин. Се вари и во бакарно ѓезве, љубителите и познавачите на доброто кафе веднаш ќе направат разлика. Кафето се вари за една минута, поради високиот степен на загреаност на песокот, кој достигнува до околу 1000 степени целзиусови, вели Бурхан.

Во семејниот бизнис е вклучена и неговата сопруга која е задолжена за слатките работи кои се служат со кафето и чајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + sixteen =