Туристичките водичи бараат протокол за работа и вакцинација

You must need to login..!

Опис

Туристичките водичи бараат да бидат ставени во приоритетната листа за вакцинација против коронавирус, и да се изработат протоколи за одвивање на нивната туристичка дејност. Потпретседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи Елвир Садиковиќ Вили, вели дека без вакцинален картон се плашат дека нема да можат да ја извршуваат нивната основна дејност. 

-Поради природата на нашата работа ние многу често патувме. Се надевам дека наскоро ќе бидат отворени границите, но се плашиме дека без потребната имунизација нема да можеме да работиме како придружници на туристичките тури. Исто така немаме протоколи за работа, што претставува огромен проблем за нашата дејност. Туристичките водичи се цела година без работа, што ја доведува во прашање егзистенцијата на стотици семејства, вели Садиковиќ.

Туристичките водичи не се вклучени ниту во петтиот пакет на мерки.

– Покрај останатиот туристички сектор ние бевме најпогодени, а помош од државата добивме дури во октомври, односно со донесувањето на четвртиот пакет мерки. Сега повторно не заборавија, односно не не вклучија во најновиот пакет екнмски мерки за ублажување на последиците од пандемијата. На денот на туристичките водичи, 21 февруари побаравме јавно да ни одговорат зошто не сме вклучени во овој пакет мерки, но немаме никаков одговор, поради што сме многу револтирани, објаснува Садиковиќ.

Тој вели дека туристичките работници се репрезенти на државата бидеји странските гостите првиот контакт го имаат сов, а од нив учат за националните и историските богатства на државата, па оттука смета дека заслужуваат подобар третман од власта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × two =