Тупанчески: Ќе работам за добро и непречено работење на сите сфери од правосудството – системот треба да стане функционален

You must need to login..!

Опис

Не е едноставно, ќе ми треба некое време за адаптација на министерското место иако проблематиката е таа – борба против корупцијата и состојбите со негативните појави, но веројатно е дека гледната точка ќе се промени, вели за Утрински брифинг проф. д-р Никола Тупанчески, новиот министер за правда.

Испорачувањето на правдата секогаш е во врвот на интересот на јавноста и има влијание врз расположението на гласачите на избори. Сите негативни појави поврзани со правосудството му се припишуваат на министерот.

-Извршната власт не би требало да има допирна точка со судската власт кога станува збор за донесување одлуки во судството и обвинителството. Нема да биде лесно, но можам да ветам дека Министерството за правда ќе создаде услови за добро и непречено работење на сите сфери од правосудството, не само само судството и обвинителството, туку и нотарите, медијаторите, извршителите и Управата за водење на матични книги, вели Тупанчески.

Тој додава дека не е лесно да се извади документ од Управата за водење матични книги и според тоа очигледно е дека нешто не функционира како што треба.

-За мене е непојмливо да не работи телефонската линија во Управата за водење матични книги. Лоцирани се дефектите и сега треба најбрзо што може да се исправат. Сѐ може, само системот треба да стане функционален, вели Тупанчески.

Правосудниот систем се смета за најкорумпиран според перцепциите на јавноста. Тупанчевски вели дека нештата може да се средат. Според искуството на Тупанчевски во организацијата ГРЕКО, тој вели дека ГРЕКО не може да ни ги реши проблемите туку може само да ни укаже на проблемите. Резултат на работата на ГРЕКО беше етаблирањето на Комисијата за спречување на корупцијата, вели министерот за Утрински брифинг.

-Министерот не е судија и обвинител, но Министерството мора да обезбеди услови за работа. Постојат можности. Јас ќе продолжам со политиките на претходниот министер и тоа ќе биде надградено. Има сфери каде што треба промптно да се интервенира, вели министерот Тупанчески.

Има истраги кои траат со години и се има впечаток дека се чека на нивно застарување, иако Обвинителството ќе рече дека немаат доволно луѓе.

-Министерот не може да врши притисок. Никој не може да ме убеди дека нема обвинител кој не погрешил. За тоа води сметка Советот на јавни обвинители. Обвинителот треба да го каже она што го има во судница, но Обвинителството не смее да биде затворено за јавноста, треба да кажат што сработиле. Нивната работа е мерлива. Ќе треба да се сменат некои работи оти јавнообвинителската работа е правораздавање, вели Тупанчески.

Во врска со Уставниот суд, Тупанчески вели дека има критички опсервации во однос на работат на оваа институција. Освен тоа, Уставниот суд работи на граница од кворум затоа што недостасуваат пет судии. Судиите ги бира Собранието и тоа треба да се направи итно, вели министерот за правда Тупанчески.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

sixteen − 6 =