Тунтев: Аеродромот Скопје останува оперативен во случај на изведување воени, полициски, медицински и специјални летови

You must need to login..!

Опис

Меѓународен аеродром Скопје ќе остане оперативен во случај на потреба од изведување на воени, полициски, медицински, специјални летови. При постоење на кризни ситуации многу често специјализираните услуги со воздухоплови се користат за достава на лекови, намирници итн. Во карго сообраќајот, во неговото одвивање сите земји во светот полагаат надеж за успешна борба против Корона вирусот. Тој кај нас останува во функција, изјави во Утрински брифинг директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, АЦВП.

Околу прелетите над Македонија, Тунтев вели дека тие се драстично намалени.

На дневна основа добиваме информации. Од понеделникот има фрапатни податоци. Ако од 9 март просечниот пад во сообраќајот над европското небо беше околу 10 проценти, во пнеделникот на 16 март тој е 34%. Стрмоглаво опаѓаат прелетите. Се претпоставува дека ова ќе продолжи бидејќи државите се се построги во преземањето на мерките во борбата со вирусот. Ова е нормално бидејќи забраната за патувања е една мерка во спречувањето на ширењето на Корона вирусот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + two =