Трајковски од Средношколскиот сојуз: Еве и шанса на Царовска да го слушне критичкото мислење на младите

You must need to login..!

Опис

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека државната матура ќе се спроведе, дека матурантите имаат право да го изразат незадоволството, но смета дека бојкотот е неоправдан. Со поддршка на Сојузот на средношколци, вчера матурани во неколку училишта не се вклучија во онлајн наставата.

Филип Трајковски, од средношколскиот сојуз, матурант и претседател на ученичкиот парламент во гимназијата „Гоце Делчев“, за Утрински брифинг вели дека од денес ќе се придружат и матурантите од економското училиште „Перо Наков“, а во контакт се и со другите училишта од кои очекуваат поддршка.

Ова е втор бојкот по ред. Министерката говореше дека само ако Сојузот на средношколци застане зад протестите таа ќе преговара со нив. Еве гледаме дека сега тоа не се случува, изјави за Утрински брифинг, Филип Трајковски.

Мене воопшто не ми епроблем четири предмети да полагам, но има деца на кои тоа им е проблем. Министерката постојано потенцира дека сака да слушне критичко мислење кај младите. Еве и шанса тоа да го потврди, вели Трајковски.

Како и секогаш имаме поделено мислење кај наставниците, но мислам дека повеќето застануваат зад нас. Бојкотот ќе оди се додека не седнеме со министерството за образование и наука и да најдаме решение. Ако сакаме да живееме во таа демократија, тогаш треба да се слушне мислењето на сите, изјави Трајковски.

Целиот разговор со Филип Трајковски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 5 =