Трошановски: Идејата за обединување и поомирување е благородна, но тајмингот на кој оваа идеја се пласираше е неумесен

You must need to login..!

Опис

Идејата за обединување и поомирување е благородна. Сепак тајмингот на кој оваа идеја се пласираше е неумесен. Во ситуација на голема здравствена, политичка, економска криза пласирање на таква идеја кај граѓаните во најмала рака предизвикува сомнеж, па и страв. Таква идеја треба да се подготвува претходно меѓу партиски состаници, на не многу јавно ниво, за на крајот со усогласени ставови да се излезе. Идејата како таква предизвикува нелагодност кај опозицијата, го продлабочува постоечкиот раздор, кај малите партии не е популарна затоа што ја губат политичката тежина, кај албанската политичка сцена ја намалува доминацијата на ДУИ, изјави во Утрински брифинг Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија Societas Civilis и кој додава дека оваква влада не мора да значи и дека ќе биде функционална.

-Техничката, пржинската Влада покажа дека беше целосно фијаско. ВО контекст на прдизборни калкулации ризикувавме здравје, успешно менаџирање со криза и не сум сигурен дека партиите можат да се издигнат над таа заробеност во теснопартиските интереси. Оттука можеби е подобро да се зборуваше за експертска Влада, но во секој случај подоговтовка за таква идеја мора да се направи многу порано, јавноста етапно да биде информирана, вели Трошановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 3 =