Трпчевски со маестрална изведба на Бетовен испрати порака за верба и надеж до Загреб

You must need to login..!

Опис

Дома сум, повеќето од времето пред некој шеткавме околу со семејството. Сега зимата дојде и практично седиме дома, освен по најнеопходни потреби како храна. Значи дома седиме и ги почитуваме препораките на Владата, на докторите. Убаво е да се биде дома, дури и тоа ако е принудно, да се одвои малку време да се помине повеќе со семјството. Потребно е самосвеста во овој период да биде на високо ниво.

Искусуваме нешто што до сега не сме го искусиле и ајде да се потрудиме сето ова да пројде побрзо, изјави за Утрински брифинг, Симон Трпчевски.

Добро е што духот се задржува, добиваме секојдневно пораки со шеговита содржина и ја отвора креативноста. Нема да лажам дека кога човек седи во отворен простор губи од креативноста, но морам да спомнам дека е и добра психолошка вежба, вели Трпчевски.

Јас како музичар најубавата порака можам да ја испратам со музика. Пред два дена ме чекаше порака од колеги од Загреб. Не ми се веруваше, мислев дека е шега. Но гледате дека природата на овој или оној начин сме свесни дека ни кажува дека ја „претеравме“. Жал ми е за она што се слуѕчи во Загреб и можам да испратам една музичка порака – за верба и надеж – Бетовен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + 14 =