Трошановски: Земјите од Западен Балкан треба да се сметаат за сериозни партнери во европските прашања

You must need to login..!

Опис

Тинк тенк форумот „Стимулирање на стратешка автономија – Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“ во организација на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија се одржа во хотелот Хилтон во Скопје како дел од програмата на ко-претседателството на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот Процес во 2020 година.

Гостин во Утрински брифинг беше Марко Трошановски директор на институтот Социетес Цивилис Скопје

Малкумина знаат за Берлинскиот процес. Грешка е да се толкува како паралелен процес на проширувањето, тоа е процес кој е комплементарен на проширувањето и е предложен од Меркел, со цел подобра интеграција на регионот кој парелелно се подготвува да влезе во ЕУ низ механизмите на проширувањето.

Тие процеси, се виде, дека имаат потреба од вклучување на граѓанското општество во нив, бидејќи многу од земјите на Западен Балкан беа закарани, имаме блокада на политичко ниво на дискусија и темите по кои што требаше да се разговара беа блокирани.

Ова е прозорец на можности за одблокирање на сите блокади. Кога има комуникација помеѓу млади луѓе се разбира дека помирувањето има повеќе шанси да опстои, рече за Утрински брифинг Марко Трошановски директор на институтот Социетес Цивилис Скопје.

Тој додаде дека овие состаноци треба да бидат претходно информирани од страна ни тинк- тенк форуми како овој во Хилтон Скопје кој се организиран од Институтот за демократија. Исто така голем новитет е што за прв пат земја членка на Западен Балкан претседава со овој самит, што до сега беше ексклузивно право само на европски земји членки.

Новиот моментум кој што е креиран со зголемените можности за отворањето на преговорите сега и за Македонија и за Албанија, очигледно ја зголемува активноста во тинк тенк заедницата, додаде Трошановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + 3 =