Трим Ќемали: Со јасна стратегија за развој на бањскиот туризам до продор на странскиот пазар – природните убавини се ресурс кој мора да се искористи

You must need to login..!

Опис

Пет члена на одборот на директори на „Дебарски бањи – Цапа“ се откажале од своите плати и надоместоци лани за да обезбедат средства на плати на вработените на оваа компанија – прочуена по лековитите својства на минералните води со кои стопанисува. Според официјалните податоци достапни во годишниот извештај за работењето на компанија петмината членови на одборот на директори од март 2020 се откажале од вкупно 50.000 евра во корист на плати за своите вработени во акционерското друштво „Дебарски бањи- Цапа“.

Нивната цел била да се обезбедат средства за плати на сите вработени, а приоритет им бил да не отпуштат ниту еден вработен лани иако заради корона кризата морале голем дел од годината да ги држат затворени сместувачките капацитети во трите хотели со кои управува друштвото („Венец, „Бањишта“ и „Косоврасти“).

Во годишниот извештај за работењето на друштвото детално е опишано како друштвото се справи со годината во која приходите заради корона кризата биле драстично намалени иако планирале да биде најуспешна година во историјата на компанијата. Во извештајот се наведени месечните примања на сите членови на директорскиот борд: претседателот Меџит Цапа, извршната директорка Албиона Риза, нејзиниот заменик Трим Ќемали и надворешните членови Шпреза Цапа и Бјонда Баланца. Исто така наведени се и сите предизвици, од финанска гледна точка предизвикани од ковид кризата, како и мерките и активностите што биле превземани за да се соочат со новонастанатата состојба.

Дебар беше првиот град каде што се појави првиот заразен со ковид-19 и како резултат Дебар беше првиот град кој беше целосно затворен на 13.03.2020. Оваа вест беше многу тешка за нас, пред се се грижевме за здравјето, но имвме еден друг проблем, тоа е како да преживееме во услови кога не можевме да функционираме, а од друга страна имавме огромни трошоци, голем број на вработени над 235 со високи плати,з а кои што ќе треба да се грижиме. Имавме многу потешкотии во овој период, пред се ког асе затвори Дебар како да ги извлечеме сите тие клиенти кои ни останаа зароени во хотелот. МНогу сме горди што заедно со напшите вработени, со нашиот лекарски тим, сите 120 клиенти, меѓу кои и странски клиенти, да ги извлечеме здрави и живи во тие тешки услови кога ковид беше нешто ново за нас. И во услови кога соработуваш толку добро со вранботените, нормално дека второ што ќе мислиш е како да ги задржиш тие, бидејќи се вредни и благодарение на нив ние сме на ова место на кое што денеска сме, изјави во Утрински брифинг Трим Ќемали.

Ние одлучивме се додека ќе има плати за нас ќе има плати и за нашите вработени. Нема да отпуштиме ниту еден вработен, успеавме и сме горди на тоа. Прво што направивме е што ги искористивме сите резерви акумулирани низ годините, второ ги намалиувме нашите лични плати, одстапување кон поголемиот дел од вработени. Сето тоа се комбинираше со кратење на други трошоци, кратење на кредити и користење на субвенциите од страна на Владата, вели Ќемали.

Мора да кажам дека секоја помош е доброедојдена во такви услови. Секако дека за нас тие субвенции нема да бидат доволни, но важно е што ги имаше, можеше и воопшто да ги нема, има држави кои не даваа субвенции во овој период. Да се надеваме дека во иднина нема да имаме потреба од вакви субвенции, додава Ќемали.

Република Северна Македонија е мала држава, но е сместена под една родопска маса низ која има пукнатини од каде тече геотермална минерална вода. Тоталниот капацитет на сите 29 извори е некаде околу 290 литри во секунда. Во релани услови тоа е околу 240 до 250 литри во секунда и е вкупниот капацитет на праиродните ресурси со термоминерална вода со која располага Северна Македонија. Сметам дека има ресурси не дека не може дополнително да се развиваме и да имаме повеќе од четири активни бањски центри како што е во моментов, но треба да имаме јасна стратегија и програма за развој. Треба да се изработи план каде би се вклучиле заинтересирани луѓе, но и луѓе кои што со години имаат искуство во бањскиот туризам и заедно да најдеме решение како да излеземе во пресрет и како да се развиваме на овој план. Имаме ресурси не само на термо-минерлана вода, тука имаме и други природни ресурси, езера, кањони… кои што ќе треба да ги комбинираме во еден пакет и така да се сервираат на странскиот пазар каде што постои голем интерес, смета Ќемали.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − thirteen =