Трајчевски, директор на АД ГТЦ: Во нашите објекти не се краде струја

You must need to login..!

Опис

АД ГТЦ СКОПЈЕ е во мнозинска сопственост на државата. Извршниот директор го именува Владата. ГТЦ поседува над 500 локали дел во сопственост на ГТЦ дел приватизирани. Ако земеме во проценти деловен простор кој е приватизиран 65 – 70 посто. Ако го земеме процентот на акциите 97 отсто се во сопственост на ГТЦ. Приватизацијата е почната 96та година па наваму.

Магацините се мал дел во сопственост на ГТЦ останатите се продадени. Во конкретниот случај магацинот за кој се изрази сомневање за копање крипто валути е во сопственост на ГТЦ.

Просторот е изнајмен согласно сите сите процедури и се врши редовна исплата на наемнината.

Ние немаме право да контролираме што се случува во макацинските простории.

Морам подетално да објаснам постојат три начини на мерење на потрошувачката на ел енергија, директно, полудиректно и индиректно. 85 проценти се мери директно со стандардните апарати. Останатото е за оние корисници кои имаат потреба од дополнително количество ел енергија. Тие имаат посебни саати кои го мерат протокот и потрошената енергија. До ГТЦ стигаат две фактури, едната од нив е за испорачана електрична енергија. Договорот со ЕВН е врз основа на јавна набавка.

Одговорно тврдам дека во нашиот објект нема крадење струја. Познавачите на делот во енергетика знаат дека фактор триесет се односува на поголемите потрошувачи кај нив цената поради поголемата потрошувачка се наплака за 30 проценти поскапо за дополнителната услуга и тука настанува забуната.

Искрено да кажам непријатно е што во медиумите се шпекулира и се пласираат невистини за ГТЦ. Се е регулирано, вели за УБ директорот на ГТЦ АД Скопје, Ѓоко Трајчевски.

Разговорот погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × four =