Трајчевски: ГТЦ сам по себе е бренд, конкуренцијата секогаш е добредојдена

You must need to login..!

Опис

Во изминатиов период ГТЦ АД СКопје, со сите сили се обидувавме да се справие со предизвиците наметнати од моменталната ситуација. За целиот период на пандемијата ГТЦ донесе низа одлуки кои помогнаа на дуќанџиите како намалување на тековното одржување, а со ова ние директно влијаевме и помогнавме на дуќаните во ГТЦ, изјави во Утрински брифнг Ѓоко Трајчевски, директор на ГТЦ и додава дека дуќаните се напуштаат, но и се отвораат.

И во периодов што следи изнаоѓаме решенија како да се помогне на дуќанџиите, не вршиме некој директен притсок врз стопанството, овозможуваме подмирувањето на обврските на рати. Она што го гледаме на вториот спрат како затворени дуќани, истие се затворени повеќе од 10 години. Тие се затворени зошто има судски постапки. Кога тие постапки ќе се завршат, ГТЦ ќе може да делува, односно да наоѓа брендови кои ќе можат да влезат и да бидат учесници во ГТЦ, вели Трајчевски.

ГТЦ сам по себе е бренд, така што не ме загрижува отворањето на нови молови. Конкуренцијата во секој случај е добра.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 4 =