Проф. Трајковски: Реакцијата на граѓанството кон повикот на властите е позитивен веројатно од стравот дека со вирусов нема шега

You must need to login..!

Опис

Состојбата, мерките со Корона вирусот дефинитвно се голем стрес за општеството. Социологијата е наука за општеството ваквите ситуации ги има обработувано во историјата. Мерките на Владата може да се заоструваат и да траат во наредните месеци. Што ќе бидат општествените последици.

Гостин во Утрински брифинг беше Иљо Трајковски, проф. д-р Социолигија.

Вчера ме повика еден другар, странец, бил во Охрид. Ги забележал луѓето како ги бакнуваат иконите. За него тоа е алармантна работа. Да, некои работи, сакајќи или несакајќи ќе ги промениме. До каде тие промени ќе одат тешко е да се каже. Ова е исклучително нова состојба. Од перспектива на Социологијата проучувани се другите епидемии од сличен тип. Најшироката која што ја паметиме е 18 година. Но ова до сега е невидено. Факт е дека реакцијата е ракција на загрозен општествен поредок., Луѓето помалку или повеќе пројавуваат симптоми на панично однесување.

Прво паника од страв, но потоа една паника од морализација – да се осудуваат, прво Кинезите да се хранат со диви животни и потоа паниката за барање на акција, дејствување. Тоа е моделот кој Филип Стронг го опиша анализирајќи ги колективните однесувања во состојби на анемија.

Кај нас, сметам дека реакцијата на граѓанството кон повикот на властите е позитивен веројатно од стравот дека нема шега. Освен промената на нормативата како да се однесуваме во вакви ситуациии, промената на нашите ставови, вредности , начинот на комуникација ќе потрае подолго време. И за тоа се потребни генерации, тоа се работи кои се длабоко всадени во нашиот модел како ќе се однесуваме, изјави проф. д-р Ило Трајковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 1 =