Трајковски: Детето не е копија на возрасен – како до дијагноза

You must need to login..!

Опис

Многу често малиот пациент се посматра како копија на возрасен. Детето не е копија на возрасните. Се разликува уште самото раѓање. Монографијата „Практична педијатриска радиологија – од симптом до дијагноза“ е 30 годишно искуство.

Идејата и концептот е уникатен, изјави во Утрински брифинг, универзитетски професор, радиологот проф. Зоран Трајковски.

Секое поглавје е насловено према водечкиот симптом. Тој водечки симптом нас ни е основа да ние расзграничиме по возрасни групи кои се најчестите заболувања во детската возраст. Затоа и книгата е насловена „Практична педијатриска радиологија – од симптом до дијагноза“.

Практична е затоа што кога ќе ја отворите веднаш на многу мал простор е кажана суштината за болестите, кои се основните дијагностички постапки, нешто за третманот и нешто што е многу важно – како до дијагнозата.

Една од најтешките работи е дијагнозата во медицината, изјави проф. Зоран Трајковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + 5 =