Трајковски: Делчевчани масовно донираат продукти за општини во Украина

You must need to login..!

Опис

Општина Делчево започна голема хуманитарна акција за помош на граѓаните на збратимениот град во Украина Вишгород како и за градот Тернипол со кој имаат добри пријателски односи.

За таа намена отворен е мобилен пункт каде ќе се собираат донаци.

Во апелот испратен од овие два украински града од Делчево се бара помош во облека, храна, бебешка облека, пелени, се бара и медицинска опрема, лекови.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

-Ние имаме добри односи со овие две општини и соработката која што ја имавме претходно, сакаме во во ова лудило кое започна пред неколку дена како градоначалник пративме пиосмо со поддршка каде што ја потенциравме нашата подготвеност како општина да погнеме.

-Како локална самоуправа организиравме состанок со ЈЗУ, со Советот на млади, со Црвениот крст, каде стапивме во контакт со амбасадата на Украина во нашата земја за да го видиме начинот за доставување на донација.

-После сите разговори го отворивме пунктот за да можеме да собереме помош која што после ќе биде донирана онаму каде што е потребно.

-Пунктот е оптворен секој ден до недела, од 10 до 16 часот и заинтересираноста на сите наши граѓани, на фирмите кои се наоѓаат во Делчево е голема и имаме доста голема количина на продукти, вели Трајковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 3 =