Трајковска од Стопанска комора: Не збориме за принудно вакцинирање, туку задолжително тестирање

You must need to login..!

Опис

На пандемијата од корона вирусот никако не и се наѕира крајот. Расте бројот на новозаразени лица, а се најавува и нов посилен бран престојниот период. Постојаното мутирање на Ковид – 19 и лесната преносливост дополнително ја отежнува состојбата.

Вакцинацијата за сега претставува единствен начин за справување со ова заболување во насока на намалување на бројот на тешки и смртни случаи и постигнувањето колективен имунитет.

Сепак интересот за вакцинација меѓу населението во земјава е многу мал па според тоа колективен имунитет нема да имаме во догледно време.

Во таа насока комисијата за заразни болести вчера донесе предлог мерки кои се однесуваат на невакцинираната популација односно на вработените во јавниот сектор и здравствените работници. Истите ги достави до Владата која треба да го има последниот збор.

Со нив доколу се донесат на Влада вработените ќе мора да поседуваат сертификат за примени две дози, потврда за прележан вирус или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Министерот за здравство Венко Филипче го повика и приватниот сектор да ја поддржи ваквата одлука. Дека вакцинацијата треба да биде затолжителна и во приватниот сектор поддршка стигна од Стопанската комора на РСМ.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со потпретседателката на Стопанска Комора, Анета Трајковска.

-Секој иницјатива ја темелиме врз сериозни анализи со членството. Минатиот месец сериозно се дискутираше како да се зголеми процентот на вакцинација и да обезбедиме континуитет во работењето на компаниите.

-Голем дел од компаниите веќе на сопствена сметка ги тестираат вработените, со цел да се спречи ширењето помеѓу вработените и да се обезбеди континуитет и непречено одвивање на нивните деловни процеси, вели Трајковска.

-Не збориме за принудно вакцинирање, туку задолжително тестирање. Тоа не е противзаконски доколку некој сака да го заштити здравјето на остантиот дел од вработените. Збориме за нешто што веќе во региониот па и во ЕУ се третира како право за заштита на работа, додава Трајковска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + seventeen =