Трајковска Димова: Дневен билет од 120 ден за неограничен број користења во текот на еден ден

You must need to login..!

Опис

ЈСП Скопје со нова поволност за корисниците на јавниот превоз. Од вчера во промет пуштен дневен билет со кој граѓаните ќе може да се возат неограничено во текот на денот на сите линии.

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.

За деталите околу оваа поволност во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на ЈСП Скопје Деспина Трајковска Димова.

Од вчера (11.04.2022 година) во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.

Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски).

Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува. Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично).

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.

Цената на сите останати билети останува иста.

Разговорот погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × four =