Трајанов: Не е во ред гласот за малите партии да оди во бунар

You must need to login..!

Опис

Пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз одамна инсистира да се прмени изборниот модел во земјава и да се оди на една изборна единица со отворени кандидатски листи, откако во Македонија беа испробани сите изборни модели и комбинации.

-Големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Проблем е што големите четири партии направија таков модел што ќе биде во нивна полза и ги елиминира помалите политички партии. Помалите губат од 100 до 120 ијади гласови. Идејата е Македонија да биде една изборна единица и така да се надмине еднопартискиот систем. Оти една партија сака кога ќе освои мнозинство е комотна и не го спроведва она што го ветила, вели Трајанов за Утрински брифинг.

Сепак, во меѓувреме изборите се демократизираа и преку коалиции, а победникот има еден или двајца пратеници мнозинство.

-Во јавноста е познато дека големите партии прават коалиции со помалите, но кога ќе се етаблира власта помалите никој не ги прашува за ништо, додава тој. – Вие сте биле на избори со една партија во коалиција и не е принципиелно да се напушти таа коалиција и да се премине на другата страна.

Ако малите партии сами настапуваат на изборите ќе биде попринципиелно и полегитимно да одлучуваат за своите постапки.

-Така можеше легитимно да се урне владата на Заев, а не како Беса која неправедно имаше четири пратеника и го направи тоа што го направи. Ние, пак, мислиме и на државата и затоа не се приклучивме на таа иницијатива, вели Трајанов.

Тој вели дека треба да се елиминираат системските предности што ги имаат големите партии за кои се одвојува и времето за рекламирање, но и да се престане со државно финансирање на партиите. Трајанов вели дека подготвува иницијатива до Уставниот суд за ова бидејќи неправедно се маргинализираат малите политички партии.

-Отворени листи не предлагаме затоа што за советнички листи имавме обид и се покажа дека е неуспешен. Треба да има регионална застапеност на пратениците. Во суштина големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели Трајанов за Утрински брифинг.

Трајанов додава дека двопартизам е надминат модел. И со една изборна единица може да има еднопартизам, но мандатите ќе бидат полегитимни.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + eighteen =