Трајанов: Нема потреба од етничка припадност во ЛК – партиите да се повлечат од оваа „лудорија“

You must need to login..!

Опис

ДС подготви елаборат за изборните модели и во Европа и светот се покажа дека пропорционалниот модел со една изборна единица е најефикасен и со најдемократски елементи, затоа што при изборот парламентарниот состав е реален одраз на определбата на граѓаните. Ова е трет пат како поднесуваме ваков закон, бидејќи претходното парламентарно мнозинство, пред се ВМРО-ДПМНЕ немаше таква определба за една изборна единица. Пред неколку години повторно го доставив Законот, се формираше парламентарна група, се говореше дека промените требад а бидат после изборите. ДС меѓудругото е во соработка со СДСМ, бидејќи ветуваа дека ќе го променат изборниот модел, стои и во нивната програмска определба и од тој аспект, барем вербално СДСМ е за една изборна единица. По изборите видов дека има развлекување, апсолутно не им одговара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да отидат самостојно на избори. Сега СДСМ има 23 коалициони партии. Замислете колку гласачи се тоа. И ВМРО-ДПМНЕ има исто така голем број на коалициони партнери, вели лидерот на ДС, Павле Трајанов.

Сега слушаме дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ формираат работни групи кои ќе работат на Изборниот законик. Јас подолго време разговарам со пратеници, поединци и во основа има определби С Македонија да биде една изборна единица, но влијанието и притисокот на големите партии е огромен и тој процес се развлекува. Сите одвен ДУИ тврдат дека се За. Но ДУИ може да остане изолирана партија ако 105-110 пратеници се изјаснат За промена во една изборна единица.

Целиот разговор со лидерот на ДС Трајанов каде тој говори и за претстојните локални избори, предлогот за гласањето со отисок на прст, за клиентелизмот во партиите, за внесувањето на етничка графа во личната карта, погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × three =