Трајанов: Македонскиот јазик е признат и има своја историска генеза

You must need to login..!

Опис

Уставот е многу јасен, членот седум дефинира дека службен јазик на целата територија на Република Македонија е македонскиот јазик и тој се користи во меѓународните односи, а во истиот член понатаму се даваат отстапувања кога може да се користат јазиците на националностите кои се повеќе од дваесет проценти.

Такво отстапување во однос на меѓународното претставување на државата не постои што значи дека согласно Уставот секој политичар кој ќе излезе од Република Македонија и ќе зборува за меѓународна политика или на меѓународни настани треба да го користи македонскиот јазик.

Тоа е делот од легалистичкиот аспект, понатаму е лично прашање за претседателот Џафери зошто се обратил на албански јазик и верувам дека тој ќе даде свое објаснување на целата работа.

За ова си постои соодветна легислатива и верувам дека институциите ќе постапат соодветно и ќе дадат објаснување на целата проблематика… Во однос на националниот идентитет години наназад се случуваат многу несакани работи.

Македонскиот јазик е кодифициран во мај 1945 година и тоа е сосема јасно направено согласно одлуките на АСНОМ. Што се однесува до македонскиот јазик во Обединетите нациитој е јасно признаен во 1977 година… И тука целата проблематика треба да се сведе на тоа дека македонскиот јазик е посебен и и има исто така своја историска генеза како сите останати јазици, Изјави за УБ пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Здравко Трајанов.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × three =