🎥 Трајанов: Закон за борба со корупцијата и организираниот криминал, детекција на скриениот имот на носителите на функции, задолжителна конфискација и забрана за за политичко дејствување

You must need to login..!

Опис

Демократскиот сојуз се подготвуваше за самостоен настап на изборите во очекување на идејата Македонија да биде една изборна единица. СДСМ беше подготвен да го прифати нашето барање, но ВМРО ДПМНЕ се колебаше и рече дека ќе го отвори прашање по изборите. Изборниот модел предвидува дека малите партии не можат сами да обезбедат цензус и ние сме упатени на соработка, изјави во Утрински брифинг лидерот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов.

Трајанов смета дека по изборите на Македонија итно и се потребни неколку клучни реформи кои ДС ги има поставено како програмски цели. Еден од тие сегменти се уставните промени.

-Демократскиот сојуз има свои клучни програмски цели кои ги доставивме до СДСМ и очекуваме да бидат дел од програмата на следната Влада. Ние имаме изборна програма која содржи проекти и решенија за актуелните состојби, за стратешките определби на државата и предлагаме уставни промени. Уставот во некои сегменти се јавува како кочница на реформите, особено кај одговорноста на извршната власт, импичмент на претседателот и слично. Сегашниот систем носи партијата која ќе го дбоие мнозинството да ги носи битните одлуки, од чистчката до извршните функции. Етаблиран е еднопартиски систем и без разлика дали СДСМ или ВМРО ДПМНЕ е на власт, ја преземаат целокупната власт а нема контролни системи и ова продуцира партизација на целиот систем. Целата политизација, разорно делува на државата и неможат да дојдат до израз креативни кадри. И контролните системи се под диктат на власта и тоа резултира со криминал и корупција. Вработувањата одат по партиски списоци. Сакаме со промените на Уставот да се дефинира одговороста на сите субјекти и сакаме контролниот систем да функционира по автоматизам без да има влијание партијата на власт. Не може траен мандат без одговотност за судии и обвинители. Мора да има мандат од девет години и да се преиспита неговата работа, дали го кршел законот, смета Трајанов и додава дека конечно мора да му се стави крај на клиентелизмот како и на криминалот кој делува, како што вели Трајанов, разорно во државата.

-Сакаме сите кои ќе бидат именувани на високи функции да се избираат преку јавен оглас, да има конкурс. Да има независни регулаторни тела. Мислам дека и други партии ја разработуваат идејата и подобро е така отколку да имаме систем на распределување на партиски кадри. Но треба компетитивност на пазарот на труд. Сакаме да има кривична одговорност и за клиентелизмот.

-Криминалот делува разорно во државата. Тука имаме извонреден проект „Декри“ и во првите 100 денови ќе предложиме Закон за борба со корупцијата и организираниот криминалот, односно детекција на скриениот имот на носителите на високи фунцкии, задолжителна конфискација и забрана за за политичко дејствување. Очекувам овој проект да биде поддржан и на тој начин да се гонат сите оние кои го злоупотребиле системот, вели Трајанов.

Новата власт почна но граѓаните видоа дека не се постигна до цел борбата против корупцијата.

Законот за јавно обвинителство

Нема идеален закон. Треба да бидат подготвени пратениците ако се потребни брзи промени. Не треба ниту еден носител на јавна функција со некакви законски пречки да не може некакви докази, без разлика како се стекнати, да не можат да се користат во судски процес. Треба будно да следиме како ќе се одвиваат отворените судски процеси. Ние сме високо криминализирана држава и не може со закон да се запре криминалот. Треба високи професионалци и волја кај партиите на власт.

Забрана за увоз на секаков вид отпад, државата неуспешна во справување со мафијата?

-Мафија, добро организирана, големи профити се остваруваат и многу тешко се одвива ефикасната борба со нив. Не може Македонија да биде депонија и да се остваруваат високи профити. Мора да се има јасни критериуми што може да се увезува како отпад во државата. Бидејќи се работи за меѓународен криминал, треба да се вклучат и европските институции и разузнавачки служби за ефикасна борба.

Ако некаде се направиле реформи, тоа е во системот за безбедност. Формирани се нови агенции, има промени во агенцијата за разузнавање и вака како поставен, тој систем кажува дека нешто е реформирано. Ние бараме сите служби да можат да бидат координирани од еден субјект. Мој впечаток е дека се уште не функционира системот за безбедност во нашата држава. Системот за безбедност мора да се прилагодува на новото време. Не може главната активност на Агенцијата за разузнавање да биде бројач на мигранти, тоа е работа на полицијата, не може за тоа да се трошат финансиски средства.

Нелегално прислушување

-Нелегалното прислушување мора да запре. Тие се во функција на предизборието. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие материјали и се директно инволвирани во злоупотребата на системите за прислушување. Треба да се заштити јавниот интерес. Ако некој правел криминал, ако има информации, тие може да се објават но проблем е тоа што разговорите се тргаат од контекст, се прават манипулации и треба одговорност за секој кој надвор од зкаонските процедури прислушувал. Разградена е државата, нарушена е приватноста на граѓаните. Две носечки пратии треба да престанат со тоа. Индикативно е што од криминалното подземје, тие се привилегирани од двете партии, каде што се договараат тендери и слично.

Демократскиот сојуз опстојува 20 години на политичката сцена. Ние сме автентична политичка партија која за сите клучни работи има свој став и тоа го соопштува. Сме биле и во власта и во опозицијата. Согласно Статутот секои четири години на Конгрес се бира ново раководство. Сметаме дека тој Конгрес може сега да се случи. Ќе се расправа за нашата програмска определба, таму ќе се одлучи кој се ќе влезе во раководството на партијата.

Цврсто сме определени дека процесот за интеграција во ЕУ мора да продолжи по влезот во НАТО. Нема друга реална перспектива ако се попречи патот кон ЕУ. Тоа би било ретроградно по перспективите на државата, особено за младите, изјави лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во разговорот во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 + 3 =