Трајанов: Директно вклучените во судските процеси најмногу се противат на нивно повторување

You must need to login..!

Опис

„На никого не му посакувам да биде невино осуден а при тоа да нема можност да ја повтори судската постапката“, вели за Утрински брифинг, претседателот на ДС и пратеник Павле Трајанов. Најавува дека во наредниот период ќе финишира Предлог законот за преиспитување на факти и докази во судска постапка.

По повеќе од шест месеци во Собранието, деновиве на виделина ќе исплива Предлог законот за преиспитување на факти и докази во судска постапка. Според предлагачот, претседателот на ДС и пратеник Павле Трајанов со него не се бара амнестија, аболиција или помилување, туку овозможување на фер судење на лица кои се неосновано осудени.

-Во суштина предлагаме постапката да почне од нов главен претрес, при што треба да бидат исполнети неколу предуслови. Меѓу нив се, повреда на начелото на презумција на невиност, користење на неовластени прислушкувани разговори, заштитен сведок кој во суштина бил лажен сведок, злоупотреба на АКМИС системот, ако е попречено правото на прибирање на докази и нивно презентирање, вели Трајанов.

Трајанов ги отфрла обвинувањата на судската фела дека политичарите со барањето за повторни судски постапки вршат упад во правосудниот систем. Тој вели дека станува збор за барање на Комитетот за заштита на правата кој брои околу 300 членови на кои им се повредени правата од страна на правосудниот систем.

-Предлог законот е добра основа за реформи во судството бидејќи така ќе се преиспита улогата на УБК, МВР, но и на судиите и јавните обвинители како основа за понесување на политичка, но и на кривична одговорност. Тие постојано се под влијание или во корелација со политичката партија која е на власт. Затоа ние немаме кредибилно судство. Најголем отпор за повторување на судските постапки во мометот има токму од оние кои директно се вклучени во тие процеси. Сега се солидарни меѓу себе, затоа и не сакаат да се повторуваат процеси кои веќе се завршени, вели Трајанов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen + 10 =