Трајанов: Да се воведе една изборна единица, а изборите да бидат во редовен термин

You must need to login..!

Опис

Предлогот за една изборна единица се провлекува веќе две години, а еден од предлагачите е Павле Трајанов, пратеник од редовите на Демократски сојуз.

-Ова е битно и за партиите но и за граѓаните оти така се отвора демократизација на државата. Ќе се вклучат повеќе субјекти кои ќе ја одразуваат волјата на граѓаните во застапеноста во Парламентот. Граѓански консензус има, сега се трудите да обезбедиме политички консензус. За оваа тема се разговара долго и граѓаните знаат за што станува збор, вели Трајанов за Утрински брифинг.

Трајанов вели дека стабилноста на Владата никогаш не зависи од унифицираноста на Парламентот, стабилноста зависи од политиките на Владата.

-Сега во моментов во Владата доминантни се политиките на ДУИ и Алтернатива, што не ја одразува волјата на граѓаните. Донтовиот модел што го применуваме не е добар оти ги задушува помалите партии и е во полза на големите партии. Малите партии ги има во парламентот, но нивната улога е маргинализирана, вели Трајанов.

Според него, можеби процесот на формирање влада ќе трае подолго, но кога ќе се воспостави платформа таа влада ќе биде стабилна. Трајанов вели дека ни СДСМ ни ВМРО-ДПМНЕ никогаш самостојно не излегле на избори туку како коалиции со помали партии.

-Ако големите партии сакаат да бидат власт ќе мора да прифатат предлози од помалите партии, смета Трајанов.

Во однос на етничката компонента, Трајанов вели дека партиите треба да бараат гласачи на целата територија и дека една изборна единица нема да влијае на етничката компонента.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × 4 =