Транспорт на стари и инвалидизирани лица-нова услуга на Црвен Крст

You must need to login..!

Опис

Црвен крст започнува со давање на нова услуга наменета за стари и инвалидизирани лица. Станува збор за посебен транспорт кој ќе им го олесни движењето низ градот без разлика дали корисниците на услугата имаат потреба од лекарски преглед или пак посета на некој административен објект.

Александра Боева, координаторка на проектот вели дека до 15 мај ќе биде бесплатен за првите граѓани кои ќе се јават во Црвен крст и ќе побараат транспорт.

  • Станува збор за транспорт кој се закажува најмалку 24 часа пред денот и терминот за извршување на одредена обврска. Тоа значи дека не функционира како такси преоз во кој граѓаните ќе можат во секој момент да добијат превоз. Треба да се земе во предвид дека транспорт на лице во лежечка положба на пример до болница и негово враќање назад може да одземе и повеќе од два часа. Во моментов располагаме со две посебно опремени наменски возила. Едното возило е наменето за лица кои имаат потешкотии во движењето но сепак можат да бидат во седечка положба, а другото возило е за лица кои мора да се пренесуваат во лежечка положба. Проценките кои ги направивме за време на тест периодот од еден месец покажаа дека можеме дневно да излеземе во пресрет на осум до дест граѓани, вели Боева.

Оваа услуга е субвенционирана, односно Црвен крст помога со одреден процент, а граѓаните корисници на услугата треба да го доплатат износот.

  • Триесет проценти од сумата ја субвенционира Црвен крст. Промотивно, транспортот до 15 мај ќе биде бесплатен. Оваа услуга ја надополнува и слугата „Итно копче“ во која граѓаните добиваат алки преку кои може да сигнализираат доколку нешто не е во ред со нивното здравје до нашиот повикувачки центар кој работи 24 часа. Потоа нашите оператори проценуваат дали станува збор за животозагрозувачка состојба и повикуваат Итна помош или пак на терен излегуваат наши животоспасувачи. Сите кои сакаат да добијат алка со итно копче се уште може да искомуницираат со Црвениот крст или по 15 мај да се јават на 15 330 а ние ќе процениме дали лицето ги исполнува критериумите за да биде дел од услугата, додава Боева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

thirteen − one =