Трамп грчевито се бори, Бајден со една нога во Белата куќа, разговор со Борис Камчев, дописник од Вашингтон

You must need to login..!

Опис

Се очекуваше гласачкиот процес во САД да помине бурно. Се оддржуваат анти -Трамп протести, што на некој начин го става Бајден во позиција на обединувач на Американците. На прес конференција синоќа тој звучеше премногу претседателски кога истакна дека се чувствува како американски претседател на сите граѓани. Тоа е прв чекор кон лечењето на раните во Америка, изјави во Утрински Брифинг, Борис Камчев, дописник на МИА од Вашингтон.

Реакција на актуелниот претседател е очекувана. Во твитови тој пишува дека извојувал победа во Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина, но поради тоа што таму се уште нема официјални резултати, излегува дека на некој начин Трамп се обидува да направи почва, за потоа да има причина да оди по судски инстанци да бара правни можности за пребројување или поништување на гласањето, вели Камчев.

Гласачките ливчиња кои доаѓаат по пошта законски е можно избирачот да го испрати писмото и пред и за време на изборите. Сега тие пристигаат и оттука забуната дека тие ливчиња сега што стасуваат се неважечки, а практично се испратени за време или пред изборниот ден. Би требало најдоцна до утре се да биде завршено, смета Камчев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 13 =