Тошковски: Предлогот Закон за ЈО носи правна несигурност и е правна папазанија

You must need to login..!

Опис

– Кога ни дојде предлогот Закон за ЈО побаравме од СДСМ да се испрати до Венецијанската комисија. Година дена поминаа од тогаш. Говорам за предлогот од пред една година кој 90% е ист со сегашниов.

Предложеното решение од страна на СДСМ е спротивно на Устав, на меѓународни повелби и на сите цивилизациски вредности во 21 век. Не може да создавате правна несигурност.

Панче Тошковски во Утрински брифинг

Ние предлагаме сите постапки кои се влезени во судска постапка, судот, ЈО и институциите да ценат која постапка како ќе продоложи согласно важечки закон. Колку и да е неразбирливо – овој закон е материјален закон. Закон кој што не ддефинира процесни дејствија кои што би требало да продолжат или да запрат. Тоа е недозволиво. Правно неиздржано. Законот за Кривична постапка си има многу добри одредби и ги дефинира правилата на игра.

Не можат да разберат едно основно правило – неправото никогаш не може да не донесе до правда. Предложеното решение е од сите експерти на правниот факултет кои што се поврзани директно со оваа област. Десковска нема аргументи во однос на преодни и завршни одредби, изјави во Утрински брифинг Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во интервјуто за Утрински брифинг, министерката за правда, Рената Дескоска, дадено на 28.01.2020 изјави дека очекува законот за јавно обвинителство да се изгласа пред распуштање на Собранието.
Интервју за Утрински брифинг, министерката за правда, Рената Дескоска, дадено на 28.01.2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 + seventeen =