Тотовски: Се вративме со златен медал од Светско првенство во е-спорт

You must need to login..!

Опис

Светот на е-спортот е посебна категорија на спорт. Деновиве имаше светско првенство во е-спорт кој е сосема поинаков од оној спорт то го гледаме на ТВ каналите. За првпат од ова првенство се вративме со златен медал за „Кантер страјк“.

-Настанот се одржа во Израел. Цената на чинење за овој настан е 2-3 милиони евра, а работат околу 200 луѓе. Успеавме во еден вакуум простор креиран од ковид пандемијата да ја покажеме вредноста на овој спорт, вели Бобан Тотовски.

Нашата Федерација е една од најстарите и сме учествувале на многу натпревари уште од 2005 година. Е-спортот во Македонија е на многу високо ниво. Од 2020 сме членови на Македонски олимписки комитет. Ова е многу поразличен спорт од другите оти секој натпревар зависи од издавачите на игрите, а не од државите.

Годинава на светското првенство во „Кантер страјк“ учествуваа 12 земји, но претходно моравме да поминеме многу регионални натпревари. Следната година светското првенство ќе се одржи во Бали.

Целиот разговор проследете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

11 + seventeen =