Тотовски: Еспорт индустријата финансиски е „потешка“ од музичката и филмската индустрија заедно

You must need to login..!

Опис

Се обидуваме од лоша ситуација да извадиме максимум и да го промовираме еспортот. Свеста беше прилично многу мала и впечаток беше дека овој спорт ставува зависност и дека е лош по здравјето. Но не е така, бидејќи покрај психичките способности ги развиваме и физичките способности на децата кои учествуваат, изјави во Утрински брифинг претседателот на Македонската еспорт федерација, Бобан Тотовски.

Има некој систем како се преминува тоа, после два часа тренинг на комјутер да се стане да се има физичка активност, вели Тотовски.

Во Македонија има осум клубови кои и официјално се членови на македонската еспорт федерација. Во моментов спроведуваме светско првенство – од Америка до Јужна кореја, додава Тотовски.

Бизнисот во овој спорт и индустрија е огромен. Станува збор за 1,5 милијарди и гејминг индустријата е финансиски повеќе вредна од музичката и филмската индустрија заедно. Предноста е дека се е дигитално и е достапно низ целиот свет, изјави во Утрински брифинг Бобан Тотовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =