Томевска-Илиевска: Од Институтот за педагогија излегуваат и првите учители за децата

You must need to login..!

Опис

Во Охрид ќе се одржи тридневна научна меѓународна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно образовни предизвици и перспективи“. За овој повод во Утрински брифинг разговаравме со Елизабета Томевска-Илиевска, професорка на Институт за педагогија на Филозофскиот факултет при УКИМ.

-Ние како институт организираме низа активности за одбележување на овој јубилеј кој го споделуваме со институтите за историја, историја на уметност и филозофија. Како институт се соочуваме со низа предизвици, а една од целите на конференцијата е промовирање на институцијата педагог. Нашите завршени студенти работат во основните и средните училишта, а можат и да работат во Бирото за развој и другите образовни институции и креатори на образовни политики, вели проф. Томевска-Илиевска.

Меѓународната конференција е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а ќе учествуваат 200 учесници со 190 научни трудови од кои ќе произлезе Зборник чијашто цел е да се лоцираат предизвиците во образованието и да се понудат решенија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eight − 2 =