🎥 Тодороска од Демократи: Народот е сопственик на државата, политичарите се минливи

You must need to login..!

Опис

-Партијата е формирана пред две години. Ова ни се први избори на кои што самостојно одиме од една и единствена причина што сметаме дека оние што можеа да кажат или имаа што да кажат до сега покажаа и кажаа што можат.

-Нашите очекувања се дека ќе бидеме препознаени кај гласачите, од една единствена причина што до сега ние немавме можност, освен кај Вас (благодарност до Вашиот медиум) и на собранискиот канал, за поширока медиумска презентација.

Ние немаме преголеми очекувања, но сме луѓе кои што се обидуваат да внесат свежина во тој политички простор, затоа што секој од нас е сериозно реализиран во областа во која што работи. Доколку граѓаните ценат дека треба да внесат нешто ново, нека гласаат за нас, изјави во Утрински брифинг Катерина Тодороска од партијата Демократи.

-Ние сме растоварени дали ќе влеземе или не во Собранието, а целта ние да се разбие мочурливата состојба во Собранието.

Трета опција

-Овие две години ние ја поминавме Македонија и „уздуш и попреку“. Народот е крајно незадоволен и револтиран, но има и исклучителен страв кој ние со објаснување се обидуваме да го надминеме.

-Политичарите би требало да се плашат од народот а не обратно. Сите политички партии ќе видите дека нудат примамливи програми од 300-400 страни, додека ние направивме новитет – аудио програма, која би можеле да ја слушаат оние кои што не можат да ја гледаат. Народот еднаш засекогаш треба да сфати дека тој е оној кој што е сопственик на оваа држава – политичарите се листопадни, додека народот е зимзелен, вели Тодороска.

Целиот разговор со Проф.д-р Катерина Тодороска редовен професор и научен советник во Институт за национална историја при УКИМ и кандидат за пратеник од редовите на Демократи погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + one =