Тодоров: Русија сака да нѐ задржи на вечната станица Западен Балкан и да останеме изолиран остров

You must need to login..!

Опис

Владата и Синдикатот за образованието ќе мораат да најдат начин да се договорат во оваа ситуација кога имавме две години ковид криза што се одрази врз образовниот процес на децата. Кога се бара договор, треба обете страни да попуштат и мислам дека 3000 денари покачување би бил добар почеток, вели за Утрински брифинг за трајкот на СОНК Никола Тодоров, адвокат и поранешен министер за образование и за здравство.

-Ова му зададе сериозен удар на процесот на преговори и процесот на градење доверба. Ако и Петков кого го сметам за разумен и модерен бугарски политичар не знаел како се доживува Ванчо Михајлов со Македонија, сигурно знаеле неговите советници. Второ ако на отворање на културен клуб дојдете со Каракачанов е исто како нашиот премиер да појде во Бугарија со Апасиев, вели Тодоров за скандалот со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола викендот.

Тој додава дека наместо да се зборува за современи проблеми како што и почнаа новите преговоди, повторно се враќаме назад на историјата и минатото.

-Русија сака да ја задржи Македонија на таа вечна станица Западен Балкан и да остане изолиран остров. Првпат се случи јавно да се потврдат овие тези од страна на Петков во Благоевград и тоа е така и ќе биде така ако нешто не преземеме, вели Тодоров.

Ние треба да им ја земеме играта од раце, коментира Тодоров кој вели дека е тешко во јуни да добиеме датум.

-Можеби треба да бараме некои алтернтиви и притоа не мислам на Евроазиска унија како што сакаат оние кои се наклонети на Русија. Можеме да се приклониме кон ЕУ на други начини, да се приклучиме кон ЕФТА и Шенген каде то Бугарија не е членка и не може да нѐ блокира. Така за десетина години можеме да покажеме дека умееме европски да функционираме. Ние сме сега членка на НАТО и работата е сосема друга, вели Тодоров.

Тодоров вели дека Ванчо Михајлов е една историска личност за која има различни толкувања за него во историските книги и тој, сеедно дали е позитивен или негативен лик, тој е дел од нашата историја. Проблем е што неговото име било користено за затворање на луѓе на времето кои се залагале за незавосноста на Македонија. Но, тој не е мостот меѓу Бугарија и Македонија, заклучува Тоодоров.

-На два месеци пред клучната одлука да се тргне тоа бугарско вето се случи оваа провокација која ги вознемири духовите и во Македонија и во Бугарија. Во Бугарија нема расположение. Ние не сме поотпорни од Бугарија на руското влијание. Има медиуми каде што отворено се брани агресијата на Русија во Украина што за мене е зачудувачки, коментира Тодоров.

Тој додава дека во Брисел треба да видат што реално се случува, кој го кочи процесот на Македонија и нѐ „сервира“ на Србија, наместо да нѐ буткаат надвор од таквите влијанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × 3 =