Тодоров: Премногу слушаме историја од устата на политичарите – историјата и историските теми се исполитизирани и се предмет на политичка злоупотреба

You must need to login..!

Опис

-Не се чувстувам комотен за да можам да коментирам јавно политика и политички прашања, но очигледно е дека двете страни сакаат да направат нешто, да дадат некој нов дух, осврнувајќи се на прашања кои во суштина се многу важни за луѓето од двете страни на границата. Очигледно е дека се сака и се има некој пристап Комисијата и историските прашања да бидат ставени во позадина, што можеби во иднина да разултира со создавање на подобра атмосфера за работа.

-Уште на самиот почеток неколку пати од нашата страна е кажувано дека ако сакаме комисиите да даваат резултати, неопходно е политичката елита да создава атмосфера во која би се работело ослободени од секакви притисоци.

-Премногу слушаме историја од устата на политичарите, тоа го нема во другите земји и премногу политичарите ја земаат улогата на исторарите, а понекогаш и историчарите ја преземаат улогата на политичарите, и во двата случаи тоа е катастрофа, изјави историчарот Петар Тодоров кој е и член на бугарско-македонската комисија за историја и образование.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

13 + five =