Тихомир Топузовски: Постхуманизмот е во фокусот на најновиот број на списанието „Големото стакло“ на МСУ

You must need to login..!

Опис

За најновиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“ во „Утрински брифинг“ зборуваше главниот уредник, Тихомир Топузовски од Музејот на современа уметност – Скопје.

Тој рече дека заради меѓународната соработка, печатеното издание е на англиски јазик, но во план е и електронско издание кое ќе биде преведено на македонски јазик.

„ Новиот број на „Големото стакло е фокусиран на постхуманизмот, тоа е обемна тема која критички се однесува кон хуманистичката традиција.

Списанието содржи три поврзани клучни секции кои се однесуваат на постхуманата телесност, немирот поради состојбите со природната околина и тематските идеи околу радикалниот политички хоризонт, како Шантал Муф, професорка на Универзитетот „Вестминистер“, и кои се заниаваат со алтернативни форми на политичко делување кои ќе одговорат на предизвиците на денешницата“, рече Топузовски.

Тој информираше дека големата меѓународна изложба во МСУ, насловена „Се’ што ни е заедничко“ на која учествуваат осум светски познати уметници и тројца македонски автори, ќе може да се види до крајот на февруари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + thirteen =