Тина Иванова: Во Македонската филхармонија сме насочени кон прогрес, кон дела кои никогаш не се извеле кај нас

You must need to login..!

Опис

Со концертот „Данте 700“, утре (четврток, 7 октомври) на кој ќе настапи маестро Симон Трпчевски, се отвора новата концертна сезона на Филхармонија, насловена „Филхармонија во движење“.

„Ова мото се наметна само по себе заради тоа што во текот на пандемијата, Филхармонијата не престана да работи, мислам дека беше една од ретките институции во светот, зборувам во однос на филхармониските оркестри, што не ги затвори вратите за љубителите на класичната музика. Се разбира, го правевме тоа според сите протоколи, меѓутоа концертите се одржуваа, а некои од нив одеа како пренос во живо за оние кои што се плашеа да дојдат во салата. „Филхармонија во движење“ затоа што и понатаму не сакаме да престанеме да работиме и сакаме да гледаме прогрес. Тоа се однесува и на програмската концепција, а тоа е прогрес во однос на естетиката, промоција на нови дела, премиерни дела кои што никогаш не биле изведени во Македонија и во Филхармонија. Потоа промоција и на дела кои ја допираат и малку помладата публика, така што сакаме да бидеме еден мотор кон убавото и истовремено да го следиме она што се нарекува мејнстрим на европските и на светските сцени. Утрешниот настан е насловен „Данте 700“ и е во чест на најголемиот италијански книжевник Данте Алигиери, неговата маестрална „Божествена комедија“ и годишнината од неговата смрт. Ова е трет наста кој годинава го посветуваме на Данте и ќе ја изведеме симфонијата од Франц Лист. Концертот на кој настапува Симон Трпчевски е распродаден уште пред десетина дена, а тој со Филхармонија настапува по пауза од речиси четири години, многу сме среќни и горди што го имаме на нашата сцена, тој ќе го изведе концертот бр.5 од Лист.

Во новата концертна сезона ќе настапат исклучителни солисти како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Ј.Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина Јапонија), кваретот „Баланеску“… Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + 4 =