Тилев: Во извештајот на ЕК има добри и лоши оценки кои се насоки што треба да направиме во наредната година

You must need to login..!

Опис

-Обсервацијата, изострувањето на погледот од Брисел секоја година е се повисок. Извештајот на ЕК може да се оцени како добар и во новиот извештај потполно се рефлектира и новата методологија.

-Многумина велат дека тоа е само регрупирање на поглавјата, но јас секогаш се обидувам да гледам малку подалеку и како тоа ново прегрупирање ќе се одрази на работата дома, изјави за Утрински брифинг Драган Тилев од СЕП – Државен советник за европски политики и координација.

-Ние секако ќе треба да се реорганизираме, биедејќи оваа нова методологија е за зајакнати пристапни преговори, што значи дека тоа е подготовката за преговори или извеештајот од една страна нуди оценка и проценка што се направило во изминатите 12 месеци, но има и еден втор елемент, а тоа кумулативно вкупната подготвеност на државата за почеток на пристапните преговори, односно каде се сме ние во транспозицијата на европското законодавство, што до сега сме постигнале и каде треба да се даде поголем фокус.

-Новата методологија дава поголем простор на земјите членки да се вмешаат во проценките и оценките, што е една новина. ЕК ќе мора да ги доставува драфтовите на извештаите до земјите членки да ги прибира нивните мислења, вели Тилев.

-Во Брисел сите постојани претставништва со своите постојани претставништва на земјите членки на ЕУ, сега се повеќе вклучени во подговотвување на извештајот, вели Тилев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − 3 =