Теута Арифи за УБ: Тетово е спремно за справување со Коронавирусот – 353 лица во изолација се чувани од МВР

You must need to login..!

Опис

Има редукција во општината, секторот урбанизам работи он-лајн. Има редуциран состав и во делот на рахивите, затоа што сакаме што помалку да имаме изложеност на луѓе. Секој вторник имаме редовни координации на општинскиот штаб. Останатите денови координацијата ја вршиме он-лајн, изјави за Утрински брифинг градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Од минатата недела дадовме налог само четврток да е пазарен ден. Оваа ситуација е голем и сериозен предизвик за држави, градови и системи поорганизирани од нашите. до сега во Тетово немаме ниеден позитивен од редот на тестираните. Според тоа што сме информирани од болницата во Тетово, тие се спремни за справување со Коронавирусот.

Во однос на јкомуналните дејности – можам да кажам дека се комплетно во функција. Измиени се најголемиот дел од улиците и уличките. Очекуваме денеска да пристигнат уште 12 пумпи за дезинфекција, рече Арифи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − 3 =