Теретените повеќе не се опасност за ширење на коронавирус

You must need to login..!

Опис

Откако подолго време теретаните и фитнес центрите беа затворени поради опасност од ширење на коронавирусот, Комисијата за заразни болести даде дозвола за работа, но со строго почитување на заштитните мерки.  Професионалниот боди билдер и фитнес тренер Мирко Петровски во изјава за Утрински брифинг вели дека со одржување на дистанца, мерење температура на влез и редовна дезинфекција на рацете, речиси е невозможно да се прошири вирусот. -Имаме строго ограничен број на вежбачи во сала, а а да не се надмине тој број секој што сака да вежба мора да се најави. Дезинфекцијата и одржувањето дистанца се задолжителни, а воведовме и УВ ламба за да бидеме позаштитени, вели Мирко.

Тој информира дека во следните три месеци на  четворица граѓани им овозможува бесплатно да вежбаат со личен тренер.

-Се одлучив на ваков чекор за да ги мотивирам луѓето да вежбаат, а со тоа да си го подобрат физичкото и психичкото здравје. Веќе цела година голем број граѓани работат од дома, а како резултат на тоа физичката активност им е сведена на минимум, што пак доведува до поголема телесна тежина, која честопати знае да носи ризици по здравјето. На четворицата кои ќе ги избереме ќе им биде направен план за исхрана и конкретен план за вежбање, информира Петровски. Заинтересираните можат да се пријават на Инстаграм профилот на Мирко Петровски.

-Веќе има голема заинтересираност. Пријавувањето ќе трае до 23 февруари, јас лично ќе им направам интервју и ќе одлучиме кои ќе бидат најсоодветните кандидати кај кои очекуваме резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − five =